Ракомет

ФОТО: Вардар со комбиниран состав премоќен во Радовиш – шест од шест за „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар ја продолжија својата импресивна серија во Суперлигата, забележувајќи ја шестата победа во исто толку натпревари, откако на гостувањето во Радовиш славеа со 27-33.

Иако во составот недостасуваа неколку стандардни првотимци, меѓу кои Малус, Георгиевски, Кеита, Лазаревски и Еспиња, избраниците на Иван Чупиќ уште еднаш покажаа дека квалитетот и тимската игра се на високо ниво.

Домаќините мотивирано го отворија натпреварот и парираа во првите дваесетина минути, кога резултатот се движеше гол за гол. Сепак, по тајм-аутот на Чупиќ, вардарци го засилија темпото и до крајот на полувремето направија разлика од четири погодоци (14-18).

ФОТО: Спортска Мрежа

Во второто полувреме скопскиот состав целосно ја презеде контролата и со серија на брзи напади стигна и до двоцифрена предност.

На крајот, Вардар рутински стигна до нови бодови и останува единствениот тим со максимален ефект по шест одиграни кола. Радовиш, пак, и понатаму го чека првиот бод во новата сезона.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло, Вардар ќе го пречека Прилеп во СЦ „Јане Сандански“, додека Радовиш ќе гостува во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!