Ракомет

Вардар Неготино доминантен против Јехона, Мулти Есенс сигурен со Аеродром

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со два натпревари започна 4. коло во Првата ракометна лига, а вечерта донесе убедливи победи за Вардар Неготино и Мулти Есенс.

Во Неготино, домашниот Вардар не остави простор за изненадување и со моќна игра ja совлада Јехона со 39:25. Крилата беа главно оружје на црвено-црните – Мице Шилегов постигна 11 гола, а Христи Бикоски заврши со 10 погодоци. Својата вечер ја заокружи и Ѓорѓи Орешков со седум реализации. Гостите од Гостивар најмногу се потпираа на искусниот Адис Салиу (7) и Бојан Давидоски (6), но тоа не беше доволно за рамноправна борба. Вардарци уште на полувреме водеа со 18:11 и до крајот рутински ја зголемуваа предноста.

Паралелно, во Скопје, Мулти Есенс ја искористи домашната предност и го надигра Аеродром со 34:27. Иако гостите добро се држеа во воведните минути, домаќинот брзо наметна темпо и на одмор замина со високи 19:11. Во второто полувреме разликата само се продлабочуваше, а најрасположен беше Бобан Поповски со 10 гола, вклучувајќи и три прецизни шута од линијата за седум метри. За Аеродром, најдобар стрелец беше Благој Христовски со шест погодоци.

Програмата продолжува утре со три натпревари: Партизан – Текстилец, Преспа – Шампион и Овче Поле – Кичево. Колото ќе се затвори во недела кога Македонија ЃП ќе ја пречека Младост од Богданци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!