Втора лигаФудбал

Дербито Беласица – Шкендија Арачиново ќе се игра под рефлектори

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Големото дерби од 7. коло во Втората лига меѓу Беласица и Шкендија Арачиново ќе се игра во недела (05.10.2025) со почеток од 18:30 часот под рефлекторите на стадионот во Струмица.

Беласица, која сезонава сите домашни натпревари ги игра во вечерен термин и е единствениот второлигаш со домашни натпревари под рефлектори, ги покани своите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот од регионот да дојдат и да го поддржат тимот во борбата за нови бодови. Цената на влезницата е симболични 100 денари.

Ова ќе биде дуел на врвот – Беласица го дели првото место со Брегалница со по 16 бодови, додека Шкендија Арачиново е третопласирана со 14 бодови и важи за најпријатното изненадување во лигата.

Струмичани влегуваат во натпреварот со скор од пет победи и едно реми (15:5 гол-разлика), додека тимот од Арачиново досега има четири победи и две ремија (13:4 гол-разлика). Беласица има јасно изразени амбиции за влез во Првата лига, а Шкендија Арачиново со досегашните резултати најавува дека ќе биде сериозен конкурент на врвот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!