Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ ништо не го запира – нова убедлива победа, БВК Коњаре се распука, минимална победа за Куманово!

Сподели
ФОТО: Еуромилк ГЛ
Сподели

Погодоци на сите натпревари од 4. коло во Трета лига – Север, а најголема победа однесе екс прволигашот Еуромилк од Горно Лисиче, откако на домашен терен со 6:0 го декласираше новакот Отља.

Искусниот голгетер Орхан Мифтар постигна четири погодоци, а два гола постигна Томче Павловски.

Висок триумф имаше и БВК Коњаре откако со 6:1 го доби тимот на Башкими Љуботен на домашен терен. Елмир Алији и Јусуф Аљиу беа стрелци на по два погодоци, а по еден гол постигнаа Арбин Курти и Марио Томовски. За гостинот во вториот дел стрелаше Валон Сејфулау.

Беса Сарај и Аеродром одиграа реми со по еден гол (1:1), а погодоците беа постигнати во вториот дел. Стефан Богдановски го донесе Аеродром прв во водство со гол во 72. минута, а веќе во 79. минута Љавдрим Палику ги постави конечните 1:1.

Ржаничино пред својата публика на домашен терен славеше победа над Лопати, која беше обезбедена во финишот од мечот од 2:1.

Стефан Ѓорѓиев беше сигурен за водство од 1:0 на домашниот тим, а 45. минута Едрит Исуфи погоди за 1:1 на пауза.

Во вториот дел двете екипи се обидуваат да креираат изгледни шанси за гол, а таква имаше во 85. минута кога Иван Мицевски постигна гол за триумф на домаќинот од 2:1.


Во Слупчане беа постигнати шест погодоци, а голеадата ја домаќинот Беса од 4:2 над поранешниот второлигаш Кадино.

За домашниот тим двојни стрелци беа Мерван Фетаи и Амир Бајрами, а за гостинот стрелаа Виктор Стефановиќ во првиот дел и Стефан Благојевски во вториот дел.

Гезим Бакиевски е херој за Куманово откако со гол од пенал постигнат во 50. минута обезбеди победа за неговиот тим на Фортуна од 1:0.

Пчиња беше подобра на домашен терен од Студеничани со резултат од 2:0. Стефан Мичевски погоди во првиот дел, а пак Димитар Стојановски стрелаше во 68. минута.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД ➖ 4 4 0 0 22 2 +20 12
2 ФК Аеродром 2018 ➖ 4 3 1 0 12 3 +9 10
3 ФК БВК КОЊАРЕ 🔼 4 3 1 0 13 5 +8 10
4 ЗГ ФК КУМАНОВО 🔽 4 3 1 0 9 2 +7 10
5 ФК ПЧИЊА 2015 ➖ 4 3 0 1 14 5 +9 9
6 ФК РЖАНИЧИНО ➖ 4 2 1 1 11 4 +7 7
7 ФК ФОРТУНА 1975 ➖ 4 1 1 2 5 6 -1 4
8 ФК БЕСА с.Слупчане 🔼 4 1 1 2 6 12 -6 4
9 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 🔽 4 1 1 2 8 15 -7 4
10 ФК БЕСА – Скопје ➖ 4 1 1 2 4 11 -7 4
11 ФК КАДИНО ➖ 4 1 0 3 5 15 -10 3
12 ФК Студеничан ➖ 4 0 2 2 3 9 -6 2
13 ФК ЛОПАТИ 97 ➖ 4 0 0 4 3 11 -8 0
14 ФК ОТЉА ➖ 4 0 0 4 3 18 -15 0


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!