По само две минути игра во Јегуновце екипата на Беласица има минимална предност од 0:1, откако Александар Коцев постигна гол за водство на струмичани против Тетекс.
Коцев доби топка која одлично ја прими и лесно се справи со двајцата фудбалери на домашниот тим ја стресе мрежата на противникот за рано водството на тимот на Александар Стојанов.
Со овој натпревар ќе се комплетира 6. коло во Втората лига.