ИнтернационалциФутсал

Доне Ристовски дел од судискиот тим на европското У19 футсал првенство во Молдавија

Сподели
Сподели

UEFA Европското првенство за футсал до 19 години ќе се одржи во Кишињев, Молдавија, од 28 септември до 5 октомври 2025 година, во Arena Chișinău.

Нашиот меѓународен футсал судија Доне Ристовски утре, со почеток во 19:30 часот, ќе биде мерач на време на натпреварот од група А меѓу репрезентациите на Португалија и Италија У19, кој ќе се игра во „Arena Chisinau“ во главниот град на Молдавија, Кишињев. Главен судија на натпреварот ќе биде Григори Ошомков од Естонија, втор судија Дино Крамар од Хрватска, а трет судија Арту Кјунаеринен од Финска. Контролор на судии ќе биде Педро Галан Нието од Шпанија, додека УЕФА делегат ќе биде Кристијан Ворнику од Романија.

Ова е историски момент за Молдавија, бидејќи по прв пат ќе биде домаќин на завршен турнир на УЕФА. Во група А ќе се натпреваруваат: Молдавија (домаќин), Португалија (бранители на титулата), Италија и Украина. Во група Б се наоѓаат: Словенија, Шпанија, Турција и Чешка.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

ФудбалФутсал

Каршиака го „урна“ лидерот Железарец во дерби меч со седум гола!

Каршиака стигна до голема победа над лидерот Железарец, откако со 4:3 го...

ФудбалФутсал

НЕВЕРОЈАТНО: Постигнати 25 гола на еден меч во Првата футсал лига на Македонија!

На еден меч постигнати 25 погодоци – натпреварот меѓу Шкупи и Јувентус...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!