Петта лигаФудбал

Поранешниот второлигаш Братство од Житоше се враќа на фудбалската карта!

Сподели
Сподели

Некогашниот второлигаш Братство од Житоше по неколку години пауза ќе се реактивира и ќе се врати на фудбалската карта на Македонија.

Клубот кој во сезона 2021/2022 настапуваше во Втора лига – Исток, но не успеа да избори опстанок, откако истата сезона експресно испадна во Трета лига – Југ, а потоа и не пријави учество за следната сезона и од тогаш клубот не се натпреваруваше.

Во таа сезона Братство до Житоше заврши на претпоследното место со 15 бодови на своето конто, имаше учинок од четири победи, три ремија и дури 20 порази од 27 натпревари, со гол разлика од 19 постигнати и дури 59 примени погодоци.

Фудбалот во Житоше се враќа, а Братство 07 пријави учество во сениорска конкуренција со тоа што ќе започне во најнизок ранг на натпреварување, а тоа е Општинската Б лига во Прилеп или Петта лига по ранг на натпреварување, па со тоа барем да се врати тимот во Трета лига – Југозапад, ќе го очекува две скалила кои ќе треба да ги помине.

Во секој случај е за поздравување моментот што овој клуб одново се реактивира.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!