Втора лигаПрва лигаФудбал

Новаци и Пелистер ќе одиграат пријателски меч

Сподели
ФОТО: ФК Новаци | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Новаци и прволигашот Пелистер в недела на стадионот во Новаци ќе одиграат пријателски меч преку кои ќе се темпира формата за продолжението од сезоната во Втората односно Првата македонска фудбалска лига после репрезентативната пауза.

Пелистер е повратник во Првата лига со две победи, четири ремија и три порази, има 10 бодови и се наоѓа на осмата позиција на табелата, а после репрезентативната пауза, а во рамки на 10. коло на домашен терен екипата на штипскиот стратег Влатко Костов ја очекува тежок меч против Шкупи.

Новаци е одличен во Втората лига, сезонава покрај директниот опстанок екипата на Дарко Крстески ќе атакува и висок пласман во второлигашкото друштво. Новаци на седум меча има три победи, едната се службена со Македонија ЃП, едно реми и три порази и со десет бодови е на седмото место на табелата, а после репрезентативната пауза ќе игра на домашен терен со фаворитот Башкими.

Пријателскиот меч меѓу Новаци и Пелистер стартува утре од 14 часот на стадионот во Новаци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Север, а колото ќе се комплетира утре...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободни ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!