Прва лигаФудбал

Арсими со јасна цел – прва победа против Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

По паузата за репрезентативните настапи, фудбалерите на Арсими се враќаат на терените со јасна цел – да ја запишат првата победа во сезоната. Екипата од Гостивар досега забележа два порази на домашен терен, па гостувањето во Битола против Пелистер е нова шанса да се сврти страницата и да започне позитивна серија.

Со голема мотивација и желба да се поправат пред своите навивачи, играчите на Арсими најавуваат силен настап, иако добро ја знаат тежината на натпреварот.

„Не очекува тежок натпревар против Пелистер. Тоа е екипа со квалитет и силна поддршка од трибините, особено кога игра дома. Имаме голема почит кон нив, но во исто време сме подготвени да се надигруваме и да покажеме што знаеме“, вели играчот од средниот ред на Арсими, Леонид Игњатов.

Тој додаде дека тимот максимално ја искористил паузата за работа и подготовки.

„Во текот на паузата работевме напорно и веруваме во нашите сили. Целта ни е да одиграме максимално посветено, да ја контролираме играта и да стигнеме до позитивен резултат. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи.“

Во пресрет на 5. коло, Пелистер се наоѓа во средината на табелата со солиден биланс, додека Арсими сè уште ја брка првата победа. Натпреварот ќе се одигра во Битола, во недела од 19:00 часот, со директен пренос на каналите на Јавниот сервис.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!