Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби во Македонска Каменица: Саса против Тиверија Брера, Љуботен домаќин на Ас Јунајтед

Сподели
ФОТО: ЖФК Каменица Саса
Сподели

В недела ново дерби во Првата македонска фудбалска лига, овој пат во Македонска Каменица, второ дерби на колото во низа за Тиверија Брера која ќе гостува кај Каменица Саса.

Ова ќе биде дерби на третопласираната Саса која има 18 бодови и лидерот Тиверија Брера кој на своето конто има бод повеќе односно 19.

Двете екипи сакаат титулата во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција, но и да се обезбедат „виза“ за Европа. Дербито ќе започне во 14 часот.

Топ Гол на домашен терен ќе има незгоден меч со тимот на Скопје. Битолскиот тим има победа и две ремија, а пак Скопје е со четири победи и три порази. Фаворит на мечот ќе биде Скопје, а пак Топ Гол ќе се потпира на домашниот терен и поддршката од домашната публика. Мечот ќе започне во 15 часот.

Истатов во претходното коло го шокираше Ас Јунајтед во Струга и силно мотивиран ќе ја бара третата сезонска победа против повратникот Атлетико, кој пак на теренот во скопско Пржино ќе атакува на второ сезонско славје. Натпреварот ќе започне во 13 часот.

Шампионот Љуботен на домашен терен ќе се соочи со Ас Јунајтед од Струга, екипа која не тргна според очекуваното во новата сезона. Шампионот во претходното коло одигра 1:1 со лидерот Тиверија Брера, а сега сигурно е дека ќе сака три бодови, бидејќи струмичанки имаат ново дерби со Каменица Саса, а тоа може да значи и промена на врвот од табелата, ако Тиверија Струмица „киксне“ во Македонска Каменица. Од друга страна, Ас Јунајтед е во голема резултатска криза, ниту голгетерката Улза Максути не може да помага да се обезбедат бодовите, па со само шест бодови од седум натпревар Ас Јунајтед е на 6. место, а во Тетово оди по изненадување и одигрување на квалитетен меч, кој ќе стартува во 15 часот.

Екипата на Речица во оваа коло ќе биде слободна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!