Вчера започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со натпреварите од првото коло, а кое воведно коло се комплетира денес во Пробиштип до натпреварот меѓу Рудар и Малеш од Берово.
Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново со 2:3 славеше во Дојран над Дојранско Езеро преку пресврт.
Јован Ајцев во 44. минута постигна гол од белата точка за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Роберто Велев во 67. минута постигна гол за двојна предност на Дојранско Езеро.
Потоа Хоризонт Турново заигра подобро и во неколку минути постигна три гола за комплетен пресврт со што трите бодови заминаа во Турново. Најпрво Васко Коцев во 76. минута постигна гол за 2:1, веќе во 81. минута Александар Черкезов постигна гол за 2:2, а пак во 85. минута Димче Јовов беше прецизен за конечните 1:3.
Дербито во Зрновци го доби тимот на Карбинци, откако со голот на Марио Атанасовски во 7. минута со минимални 0:1 го доби Светлост.

Овче Поле однесе убедлива победа на стартот од новата сезона откако со 3:0 го декласираше тимот на Тиверија на Градскиот стадион во Свети Николе.
Дарко Нацев беше прецизен во 11. минута за 1:0. На стартот од вториот дел Боце Ефремов во 47. минута погоди за 2:0, а во 55. минута Берти Стојановски поради два жолти картони беше исклучен од игра, но и со играч помалку тимот на Овче Поле преку Трајче Илиев во 88. минута постигна гол за конечни 3:0.

Андријан Спасиќ е херојот на тимот од Пирава, откако Ударник преку пресврт со 2:1 ја доби Брегалница од Делчево.
Томи Станоевски во 39. минута постигна гол за водство на полувреме за тимот од Делчево. Во вториот дел Александар Тенекеџиев во 57. минута постигна гол за 1:1, а во 93. минута стигна „ладниот туш“ за тимот од Делчево, откако Спасиќ беше прецизен за конечни 2:1.