Ракомет

ФОТО: Вардар со победа го отвори охридскиот турнир – триумф над Динамо Панчево

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Попладнево започна меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, со натпревар помеѓу екипата на Вардар 1961 и Динамо Панчево од Србија. Двократниот европски шампион Вардар со победа го отвори турниот во Охрид, на првиот меч.

Натпреварот започна изедначено, со погодоци на двете страни, па така, некаде на средината на првото полувреме имавме резултат 7:7. Од 18.минута па до пред крајот на полувремето, Вардар одржуваше два гола разлика, а во 26. минута за првпат во мечот стигна и до три разлика- 13:10.

Пред крајот на полувремето, со гол од пенал кој го погоди Јака Малус, Вардар стигна и до плус четири, меѓутоа Динамо брзо врати и намали повторно на три, па така на пауза се замина со резултат 14:11 за Вардар.

ФОТО: Спортска Мрежа

По паузата, Вардар почна да ја зголемува предноста, па така, во 8.минута веќе имаше пет гола предност пред гостите од Србија, односно 19:14. Како што одминуваше времето, екипата на Вардар стигна и до шест позитива, но со мини- серија, тимот на Динамо не дозволуваше Вардар да се одлепи со многу посериозна предност уште во оваа рана фаза од вториот дел.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сепак, Динамо немаше сили да ја стопи предноста на Вардар, па во 17.минута од натпреварот, Вардар одново стигна до своите највисоки шест позитива, а резултатот гласеше 25:19 за Вардарци. На десет минути до крајот на мечот, македонскиот тим водеше со 27:20. До крајот на средбата, Динамо успеа да се доближи и до минус два, но сепак немаше време за нешто повеќе, па мечот заврши со победа на Вардар од 29:27.

ФОТО: Спортска Мрежа


Кај Вардар најдобри стрелци со по пет гола беа Дмитро Горига и Јака Малус, а кај Динамо Панчево се истакна Илија Богдановиќ со седум реализации, а кој воедно беше прогласен и за МВП на натпреварот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!