Денес на градскиот стадион во Виница се одигра пријателски меч меѓу второлигашот Слога Виница и третолигашот Победа од Валандово, а кој заврши со триумф за второлигашот со резултат од 3:0.
Воинов го отвори резултатот за водство на Слога од 1:0, а потоа Капсаров и Настевски погодија за конечни 3:0 и триумф за тимот на Емил Грнев.
Новата сезона екипата на Слога Виница ја отвара со незгодно гостување на „Железарница“ во Автокоманда против Скопје на 23 август, а пак Победа Валандово ќе ја чека ждрепката со цел да види со кого ќе настапи во првото коло од новата сезона во Трета лига – Исток, а која ќе започне на 7 септември.