Второлигашки пријателски натпревар во Струмица, меѓу Беласица и Каменица Саса во рамки на летните подготовки за новата сезона 2025/2026, а која ќе започне на 23 август.
Во Струмица беа постигнати четири погодоци, а Беласица предводена од Александар Стојанов беше подобар со 3:1 во однос на тимот од Македонска Каменица.
Новата сезона екипата на Беласица ја отвара со дерби гостување на „Билјанини Извори“ против Охрид, а пак Камениац Саса во првото коло игра дерби на Истокот против Осогово на домашен терен.