ИнтернационалциФудбал

Историски успех за ЖФК Љуботен – финале за пласман во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, обезбеди пласман во финалниот плеј-оф за влез во Лигата на шампионите, откако во полуфиналниот дуел славеше со убедливи 4-1 против тимот на Рунавик.

Тетовки доминираа уште од самиот старт, обезбедувајќи водство  3-1 на полувремето со головите на Марковска, Мустафа и Максути. Во вториот дел, триумфот беше потврден со погодокот на Нигеријката Мариан Охадиве.

Ова е историски момент за Љуботен, кој стана првиот македонски женски клуб што се пласирал во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите, според новиот формат воведен во 2021 година.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во финалето, Љуботен ќе се соочи со ерменскиот претставник Пјуник, кој во другото полуфинале ја совлада НСА Софија со 0-1.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дополнителна предност за македонскиот шампион е фактот што е домаќин на овој квалификациски турнир за пласман во елитната фаза на УЕФА Лигата на шампиони. Во сабота Љуботен против Пјуник ќе игра во 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово. По две години поминати во клубот од Кочани, тренерот одлучи да...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше со 2:3 во дербито на 3. коло на Втората женска фудбалска...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

Трета лигаФудбал

Кравари славеше над Преспа, дербито во Струга го доби Караорман, Могила со бод во Кичево

Влазерими ремизираше без голови на домашен терен (0:0) против Могила, во мечот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!