Турнири

Железара Бесник и Енотека Рома тргнаа убедливо на турнирот во Дебреште, минималец за Гарден Голд

Сподели
Сподели

Синоќа започна овогодинешното издание на меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2025“ кој се игра во прилепското село Дебреште, а каде учество земаат 28 екипи поделени во седум групи со по четири екипи.

Првиот меч со кој беше отворен турнирот понуди дури четири погодоци со што на ефикасен начин беше отворен турнирот кога се во прашање погодоци, а на што публиката уживање.

Екипата на Пикси Бојс немаше решение за одличниот тим на Железара Бесник кој со 1:3 забележа стартна победа на турнирот во Дебреште.

Вториот меч беше многу неизвесен, вистинска драма, многу шанси, свои моменти имаа и двете екипи, но само еден гол го реши победникот, екипата на Гарден Голд со минимални 0:1 славеше над Пакос.

Третиот меч беше вистинска возбуда и донесе голема неизвесност, Братство Лисичани и Мухамед ДОО одиграа 2:2, а веднаш по завршувањето на мечот се изведуваа пенали, па екипата на Мухамед ДОО триумфираше со 2:4.

Четвртиот меч ја даде најубедливата победа откако Енотека Рома со 3:0 без проблем убедливо славеше над Јасмин Транс Лажани.

Вечерва продолжуваа возбудувањата со нови натпревари, а публиката ќе може да ужива во вистински дерби натпревари.

Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех го очекува Охрид, кој во сабота го игра реваншот од полуфиналето...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи огромна тежина, но и шанса за подвиг што долго ќе се...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!