Ракомет

ФОТО: Стартува новиот проект на ГРК Охрид, Ројевиќ означи старт на подготовките

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Градскиот ракометниот клуб Охрид ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона 2025/2026, влегувајќи со голема решителност и јасни цели.

Почна долгорочниот проект од најмалку три години, кој ќе го води тренерот Борис Ројевиќ. На првиот тренинг, стручниот тим ги имаше на располагање речиси сите играчи, освен повредениот Теимураз Орјоникидзе, кој продолжува со рехабилитација во Грузија.

Стручниот штаб на охриѓани, во новата сезона 2025/2026, ќе го сочинуваат Борис Ројевиќ – тренер, Наум Бабачев – помошник тренер, Крсте Андоновски – помошник тренер, Зоран Георгиески – тренер на голмани, Андрија Њаради – кондициски тренер, Љупчо Атанасов – физиотерапевт, Димитар Спироски – физиотерапевт и Огнен Шешоски – доктор на екипата.

ФОТО: ГРК Охрид

На голманската позиција, Охрид, на располагање ќе ги има, покрај своите досегашни и одлични Градимир Чаневски и Даниел Ѓорѓески, и новото искусно засилување од Бутел, Бојан Блажески.

ФОТО: ГРК Охрид

Пивотменската позиција ќе биде составена од Иван Тасески, Владимир Бојаниќ, новото грчко засилување – Николаос Лиапис, како и шпанецот- Ориол Реј Моралес.

ФОТО: ГРК Охрид

Леви крила во ростерот за новата сезона на охриѓани се Гоце Ојлески и Никола Ристески. Леви бекови се Теимураз Орјоникидзе, Анте Иванковиќ, Стефан Петриќ, Дејан Кукуловски и Илија Трајчески. Средни бекови во ростерот на „гладијаторите“ се Ловро Јотиќ и Тилен Стрмлјан.

ФОТО: ГРК Охрид

Десни бекови се Предраг Вејин, Давид Савревски и повратникот – Никола Шипинкоски. Десни крила се новото засилување – Дарко Ѓукиќ и досегашниот стандарден играч на Охрид- Гал Цирар.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!