ЕП 2025 жениФудбал

Англија по продолженија ја победи Италија и обезбеди финале на Европското првенство

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Англија обезбеди место во финалето на Европското првенство, откако во драматичен полуфинален натпревар ја совлада Италија со резултат 2:1 по продолженија.

Англија – Италија 2:1 по продолженија (1:1)

Стрелци:
Италија
33′ – Барбара Бонансеа
Англија
90+6 – Мишел Агеманг
199′ – Клое Кели

На стадионот во Лион, двете селекции понудија вистински спектакл. Италија поведе преку Барбара Бонансеа, која ги искористи неколкуте пропусти на англиската одбрана и со прецизен удар ја совлада голманката на Англија.

Во второто полувреме, Англија го засили темпото, но не успеваше да најде пат до мрежата. Се чинеше дека Италијанките ќе се радуваат на историја и пласман во финале, сè до судиското надополнување, кога во 90+6. минута резервистката Мишел Агеманг донесе израмнување по несигурна интервенција на италијанската одбрана.

Натпреварот отиде во продолженија, каде што Англичанките продолжија со притисок и во 119 минута, по прекршок во шеснаесетникот, Англија доби пенал. Клое Кели шутираше, италијанската голманка одбрани, но Кели успеа да ја врати топката во мрежата и да донесе пресврт и огромна радост за англиската селекција.

Финале за нова титула

Англија со оваа победа се пласира во големото финале што ќе се игра на 27 јули во Базел, Швајцарија, каде ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Германија.

Англичанките ќе имаат можност да ја одбранат титулата освоена во 2022 година и да потврдат дека се новата велесила во женскиот фудбал.

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!