Втора лигаФудбал

Слога Виница ги стартуваше подготовките за новата сезона во Втората лига

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Слога Виница официјално ги започна подготовките за сезоната 2025/26 во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Тимот под водство на стратегот Емил Грнев ќе ги одработува главните подготовки на Градскиот стадион во Виница.

Во новата сезона, Слога ќе влезе со речиси идентичен костур на екипата од минатата сезона, има неколку заминување, но тоа нема да влијае врз стабилноста на тимот. Раководството активно работи на доведување засилувања, кои треба да внесат свежина и потребно искуство за уште посилен настап во лигата.

Минатата сезона Слога остави силен впечаток во Трета лига – Исток со добрите резултати, препознатливата игра и посветената работа на стручниот штаб. Клубот верува дека со напорна работа и поддршка од верната виничка публика, ќе може рамноправно да се бори со сите конкуренти.

Како и досега, клубот ќе продолжи со вклучување на млади таленти од сопствената академија во сениорскиот тим, кои ќе добијат шанса на пријателските натпревари за да се наметнат пред тренерот Грнев.

Клубот најави дека навремено ќе ја информира јавноста за новите засилувања, закажаните контролни натпревари и сите новитети поврзани со екипата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!