Останато

Историски успех за македонскиот велосипедизам, Дуња Иванова со сребро на Балканското првенство!

Сподели
Сподели

Македонскиот велосипедизам забележа голем успех на Балканското првенство во планински маратон што се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Нашата претставничка Дуња Иванова, настапувајќи за сениорската репрезентација на Македонија, успеа да се закити со сребрен медал и да стане балканска вицешампионка.

Таа ја совлада исклучително тешката патека долга 73 километри со вкупно висинско искачување од 1.600 метри, завршувајќи со време од 4 часа и 21 минута. Победничка во женската конкуренција беше Мануела Муресан од Романија, додека третото место го освои Нина Видовиќ од Босна и Херцеговина.

Одличен настап имаа и македонските натпреварувачи во машка конкуренција. Јован Паневски го освои четвртото место, додека Александар Милошевски заврши петти, што е уште еден доказ за континуираниот напредок на македонскиот велосипедизам.

За уште поголем успех се погрижи Љубиша Кондев, кој во категоријата Мастерс се искачи на највисокото место на пиедесталот, освојувајќи го златниот медал и уште еднаш потврдувајќи ја својата класа и искуство.

Овие резултати се доказ за квалитетот и напорната работа на македонските велосипедисти и сериозна најава за уште поголеми дострели на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!