Прва лигаФудбал

Искусниот Иван Ивановски се врати во ГФК Тиквеш!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Иван Ивановски се враќа во својот поранешен клуб ГФК Тиквеш и повторно ќе го носи дресот на кавадаречкиот прволигаш. Триесет годишниот напаѓач минатата сезона настапуваше за екипата на Гостивар, каде што на 22 натпревари постигна 4 погодоци и запиша 5 асистенции.

Ивановски во текот на својата кариера настапуваше за неколку македонски клубови, меѓу кои се Тиквеш, Силекс и Гостивар, а сега повторно се враќа во Кавадарци со амбиција да му помогне на тимот во новата сезона.

Со враќањето на Иван Ивановски, ГФК Тиквеш продолжува со формирање на конкурентен состав кој ќе се обиде да ги оствари клупските амбиции во новата сезона. Клубот од Кавадарци полека го заокружува ростерот со квалитетни и искусни играчи, кои треба да ја зацврстат екипата и да донесат поголема напаѓачка моќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!