Турнири

Историја на шампионите во Ораовица: Кој ќе биде следниот освојувач во 2025?

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ полека се подготвува за уште едно спектакуларно издание, а пријавувањето за учество е во тек до 15 јули, кога ќе се одржи и ждребувањето. Турнирот ќе започне на 16 јули, а се очекува уште една спортска фешта со одлични натпревари и незаборавна атмосфера.

Во изминатите години, овој турнир изгради силна традиција и прерасна во едно од најпрестижните фудбалски случувања во регионот. Многу екипи ја впишаа својата приказна во историјата на турнирот, борејќи се за пехарот и признанието за најдобар тим.

  • Листа на досегашни освојувачи на „Ораовица“:

2016 – Дооел Бино

2017 – Златно Зрно

2018 – Дијаспора Изведен

2019 – Златно Зрно

2020 – не се одржа поради пандемијата со Ковид-19

2021 – Јанев Пласт

2022 – Гостилница кај Џек

2023 – Гостилница кај Џек

2024 – Фреит Оне

2025 – Кој ќе биде новиот шампион?

Конкуренцијата годинава се очекува да биде особено силна, а големиот награден фонд од 325.000 денари дополнително го зголемува интересот кај екипите. Пријавувањето е веќе во тек, а котизацијата изнесува 4.000 денари.

  • Екипите можат да се пријават на броевите:

078 433 987

071 250 418

072 595 863

Исто така, покрај сениорските екипи, организаторите најавија и пионерски категории за деца родени 2010–2013 и 2014–2018, што значи дека и најмладите ќе имаат своја шанса да блеснат на теренот.

Оваа година, Спортска Мрежа за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосна покриеност со извештаи, видеа и резултати.

Организатор на турнирот е ФК Изведен, со поддршка од Општина Радовиш како генерален покровител.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!