Младински фудбалФудбал

ФК Брера Струмица со шампионските генерации на меѓународен предизвик во Бугарија

Сподели
Сподели

Младинскиот погон на ФК Брера Струмица веќе ги вклучи моторите за новата сезона. Генерациите 2008 и 2009, под водство на искусниот стратег Мартин Алаѓозовски, ги започнаа подготовките со јасна цел – продолжување на доминацијата и градење на нови успеси.

Особено внимание ова лето ќе биде насочено кон меѓународниот турнир „Христо Бонев 2025“, кој ќе се одржи од 13 до 22 јули во Бугарија, и каде шампионска генерација на струмичани, која две сезони по ред ја освојува дуплата круна, ќе се соочи со реномирани клубови од Балканот и пошироко.

Учесници на турнирот ќе бидат Локомотив Пловдив (Бугарија), Славија Софија (Бугарија), ЦСКА Софија (Бугарија), Раднички Ниш (Србија), Локомотива Загреб (Хрватска) и уште многу други силни екипи.


Турнирот ќе биде вистински предизвик и прилика за докажување на талентот и квалитетот кој го поседуваат овие млади фудбалери од Струмица. Брера Струмица уште еднаш потврдува дека сериозно инвестира во младинската школа и создава генерации подготвени за највисоки предизвици.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!