Вечерва беа одиграни и преостанатите два четвртфинални натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, кои понудија драма, неизвесност и пенал-серија што ја подигна публиката на нозе. Турнирот, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, влезе во самиот финиш, каде веќе ништо не се остава на случајноста.
Првиот натпревар меѓу Кафе Бар Лавадо и Самир Муртезоски заврши нерешено 2:2 во регуларниот дел. Во пенал-рулетот, повеќе среќа и прецизност имаа фудбалерите на Кафе Бар Лавадо, кои со тоа се пласираа во полуфинале на турнирот. Тимот останува непоразен и покажа дека знае да се носи со притисок.
Вториот четвртфинален дуел меѓу Балкан Профил и Златара Бени Ерол исто така заврши со резултат 2:2. По возбудлива пенал-серија, Златара Бени Ерол го обезбеди своето место меѓу четирите најдобри. И покрај тоа што во групната фаза беа тивки, Златара блеска токму кога е најважно.
- Познати се двата полуфинални парови:
НЕДЕЛА, 29.06.2025
21:00 часот
Бербер Шоп Мухаммед – Бинај
22:00 часот
Кафе Бар Лавадо – Златара Бени Ерол
Очекуваме спектакл и битка за големото финале, кое ќе се игра на 30 јуни. Полуфиналните двојки носат различни стилови – од најофанзивните до најтактичките тимови. Сè е можно!

💰 Награден фонд:
🥇 Прво место – 2.000 евра
🥈 Второ место – 700 евра
🥉 Трето место – 300 евра
Спортска Мрежа како медиумски покровител ќе продолжи да известува за секој детал од финишот на турнирот – резултати, реакции и фотографии. Останете со нас до самиот крај – македонскиот спорт на едно место!