ИнтернационалциФудбал

Сашо Даневски и Александра Пејковска ќе бидат дел од ЕП во фудбал за жени во Швајцарија!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ќе има свои претставници на престижното Европско првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи од 2 до 27 јули во Швајцарија. Александра Пејковска и Сашо Даневски ќе бидат дел од организацијата на овој врвен спортски настан под организација на УЕФА.

Александра Пејковска ќе делува како делегат на натпревари од групната фаза што ќе се играат во Базел, каде ќе настапат селекциите на Швајцарија, Норвешка, Германија и Данска. Базел ќе биде домаќин и на еден четвртфинален натпревар, како и на големото финале, каде што Пејковска ќе ја претставува Македонија како делегат.

Со повеќе од 150 меѓународни натпревари зад себе, Пејковска е еден од најискусните УЕФА делегати од регионот. Таа досега има учествувано на две Европски првенства за жени, финале во Лигата на шампионите, како и на бројни натпревари во европските клупски и репрезентативни натпреварувања.

Покрај неа, на Европското првенство ќе учествува и Сашо Даневски, национален тренер за фудбалски судии при ФФМ. Тој е дел од четиричлениот експертски тим на УЕФА задолжен за физичката подготовка на судијките кои ќе ја делат правдата на првенството. Подготовките се одвиваат во тренинг-центарот на УЕФА во Нион, каде се реализираат интензивни тренинзи и едукативни сесии со присуство на највлијателните имиња од европскиот фудбал.

Даневски веќе четири години е дел од едукативната структура на УЕФА, како главен фитнес тренер во програмите за развој на млади судии. Во своето богато искуство, неодамна беше и дел од судискиот тим на ЕУРО 2024 во Германија, каде имаше задача за функционална и тимска подготовка на арбитрите.

Фудбалската федерација на Македонија со гордост го истакнува учеството на Пејковска и Даневски, како признание за нивната експертиза и посветеност, но и како потврда за растечкото влијание на македонските кадри во европскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!