КошаркаКошаркарска репрезентација

Младинците одиграа нерешено со Косово

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Машката селекција „Под 20“ години одигра нерешени (69:69) на возвратниот дуел против соодветната селекција на Косово.

На реваншот одигран вечерва во Качаник, нашиот младински состав се издигна над лошото судење кое кулминирало со досудени девет технички грешки за нашиот национален состав, за на крајот, избраниците на селекторот Горан Самарџиев стигнат до егал-скор на ова гостување.

„Ќе кажам само тоа, ни беа досудени дури девет технички грешки за време на натпреварот во кој одлучив да ги поштедам Лукановски и Зетов, а многу малку во финишот на средбата, играше и Стојковиќ, како трет од стартната петорка која ја имавме на првиот меч во Скопје“- коментира селекторот Горан Самарџиев по оваа проверка, последна за нашата селекција „под 20“ години пред ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија.

Нашите млади кошаркари имаа водство по првата четвртина (16:14), истото беше и на полувремето (37:35).

Косово беше подобар противник во третиот дел од играта кој го заврши со водство од (54:48). Домаќините имаа и двоцифрена предност во последната четвртина, во која нашиот тим успеа да ја стигне и да дојде до нерешен резултат.

Павел Иваанов со 14. поени (и пет скока) беше нашиот најефикасен кошаркар. Двоен ефект, од 10. поени и 11.скока, реализираше Исак Муареми. По седум реализации на оваа „контрола“ имаа Стојанов, Младеновски и Кузманов, шест поени постигна Кечовски, еден помалку имаше Јакимовски, четири даде Тачи, по три Николовски и Ќириловски, два имаше Величковски, а еден Лазаров.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од...

Кошарка

Кожув гостува во Штип, дерби на Пелистер и Работнички, Скопје домаќин на Струмица

Третото коло на кошаркарската Суперлига ќе се игра во три дена, истото...

Кошарка

Стартуваше трката за место во Суперлигата, Гостивар броеше до 134, Стојанов блесна со 35 поени!

Со висока ефикасност, убедливи победи и одлични индивидуални настапи започна новата сезона...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!