ИнтернационалциФудбал

Алиоски се врати во Швајцарија: Македонскиот репрезентативец повторно во дресот на Лугано

Сподели
Сподели

Езѓан Алиоски, еден од најистакнатите македонски репрезентативци, повторно ќе го облече дресот на Лугано, клубот од швајцарската Суперлига каде што веќе остави длабока трага. По завршувањето на авантурата во Саудиска Арабија со Ал-Ахли и една сезона во турски Фенербахче, 33-годишниот лев бек се враќа во позната средина каде што помина два блескави периода во сезоните 2015/16 и 2016/17.

Со двегодишен договор до јуни 2027 година, Алиоски повторно ќе биде дел од швајцарското првенство, каде што претходно настапуваше и за Јанг Бојс У23 и Шафхаузен. Сезоната 2016/17 ќе остане запаметена како негова најсилна во дресот на Лугано – 36 натпревари, 16 голови и 14 асистенции, кои му го трасираа патот до англиски Лидс Јунајтед.

Со 85 настапи и 13 голови во националниот дрес, Алиоски е синоним за константност, енергија и борбеност. Неговото враќање во Лугано доаѓа во момент кога клубот се стреми кон поголеми амбиции и стабилност во швајцарската елита.

Не го криеја задоволството ниту од редовите на Лугано. Спортскиот директор Себастијан Пелцер изјави:

„Со задоволство го најавуваме враќањето на Езѓан, играч кој, преку своето искуство и личност, совршено ги оцртува вредностите и духот на нашиот тим. Откако ни подари незаборавни моменти во неговото прво искуство во Лугано, горди сме што можеме да започнеме ново поглавје заедно.“

Со оваа преселба, Алиоски го продолжува богатото меѓународно искуство, потврдувајќи уште еднаш дека е еден од најценетите македонски фудбалери на интернационалната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!