Младински фудбалФудбал

Академија Нови Таленти со одличен настап во Франкфурт – 5. место меѓу европските гиганти

Сподели
Сподели

Младите фудбалери на Академија Нови Таленти испишаа нова светла страница во своето растечко спортско портфолио, со одличен настап на силниот меѓународен турнир во Франкфурт, Германија. За првпат играјќи на цел терен (11 на 11), младите фудбалери се соочија со силна европска конкуренција и заслужено го освоија петтото место, прикажувајќи зрелост, борбеност и фудбалско знаење.

На турнирот учествуваа и врвни екипи како Ајнтрахт Франкфурт, ФК Франкфурт, Макаби Франкфурт, како и други силни тимови од регионот, што само ја зголемува тежината и вредноста на пласманот на Нови Таленти.

Ова искуство претставува важен чекор во развојот на младите фудбалери, кои и покрај својата возраст покажаа дека не заостануваат зад своите врсници од најреномираните европски академии.

Посебна благодарност од клубот е упатена до родителите за несебичната поддршка и присуство, без кои оваа интернационална авантура не би била возможна.

Академијата најавува дека ова е само почеток – следуваат нови домашни и меѓународни турнири во текот на целата година, а тимот ќе продолжи да се гради со истиот ентузијазам, посветеност и љубов кон фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!