Прва лигаФудбал

Кичево ќе следи прволигашки фудбал: Тиквеш таму ќе биде домаќин на Силекс

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци
Сподели

Откако ФФМ го суспендираше теренот во Кавадарци, Тиквеш како домаќин против Силекс во рамки на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига одлучи да игра во Кичево. Тоа значи дека Кичево после неколку годишна пауза одново ќе следи прволигашки фудбал.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Силекс ќе се одигра на Градскиот стадион во Кичево, в недела со почеток од 14 часот, а главен судија на мечот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

Дополнително ќе биде познато колку натпревари ќе биде суспендиран теренот во Кавадарци, а во продолжение официјалната одлука на ФФМ за суспендирањето на теренот во Кавадарци.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот (Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 годинa. Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930 – ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар.“

Покрај суспендирањето на теренот натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар е регистриран со службени 0:3 во полза на скопскиот тим.

Во минатото Напредок од Кичево настапуваше во Првата македонска фудбалска лига, но во сезона 2012/2013 како последнопласиран со 18 бодови испадна од фудбалската елита, а сега настапуваше во Трета лига – Запад, со што Кичево остана без прволигашки фудбал, а овој град најчесто натпревари од Првата лига гледа кога екипа како во случај на Тиквеш им е суспендиран домашниот терен. Во минатото таков случај беше Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!