Втора лигаФудбал

Брегалница е лидер во Втората лига, густо во врвот, Осогово и Вардарски на дното!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По пет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига екипата на Брегалница е на врвот од табелата со 13 од можни 15 бодови.

На второто место е Арсими кој има 12 бодови, Македонија ЃП е трета со 11 бодови, колку што има и Кожуф кој е на четвртото место.

На делба на петтото место се Детонит Плачковица и Башкими со по 10 освоени бодови. На седмата позиција е Новаци со седум бодови, потоа доаѓа Скопје со шест бодови.

На деветтото место со пет бодови е Каменица Саса, а по четири бодови имаат Победа која е 10-та, Беласица, Вардар Неготино и Охрид е кој а на 13-тото место.

Борец е во бараж зоната со три бодови, а во опасната зона се Вардарски како претпоследен и Осогово кој е на дното со по два осовени бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!