Младински фудбалФудбал

Осумгодишниот Јован Насев од Гевгелија повторно блеска – седма титула за „Најдобар стрелец“ во Грција

Сподели
Сподели

Осумгодишниот Јован Насев од Гевгелија, фудбалер на „АЕК Академија ПАОК“ викендов го освои својот седми пехар по ред, освојувајќи ја титулата „Најдобар стрелец на турнирот“ што се одржа во градот Херсо, во Грција.

Јован постигна вкупно 5 голови на турнирот, со што директно придонесе за две убедливи победи на својот тим: 3:0 против екипата на Килкис и 3:0 против домаќините од Херсо. Освен головите, запиша и една асистенција.

Овој успех го круниса „АЕК Академија ПАОК“ со победничкиот пехар на турнирот, а малиот Јован уште еднаш го потврди својот талент и напорна работа, освојувајќи ја престижната индивидуална награда за најдобар стрелец и најдобар играч.

Ова е негов седми турнир во период од само три месеци откако Јован започна да настапува во академијата на „АЕК Академија ПАОК“, и со тоа стана најмладиот фудбалер од Македонија кој игра во странски тим. Импресивниот настап на Јован не помина незабележано – неговите голови го привлекоа вниманието на раководството на ФК „ПАОК“ од Солун, кое му упати официјална покана од Септември да стане член на нивната Фудбалска школа. Таму млади таленти кои тренираат и се натпреваруваат во детската прва лига на Грција.

Поканата да се приклучи на нивната фудбалска школа е голема шанса за него, особено ако продолжи со образование и тренинг во Грција. Тоа е голем чекор кој може да му ги отвори вратите за професионална кариера во фудбалот.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!