РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Извлечени противниците на Македонија до 17 и до 19 години за квалификациите за ЕП во фудбал за жени

Сподели
Сподели

Во Нион беше одржана ждрепката за новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство за жени до 17 и до 19 години.

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе настапува во групата 5, заедно со селекциите на Италија, Финска и Хрватска. Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 23 до 29 октомври, а домаќин на групата ќе биде Хрватска.

Македонската репрезентација до 19 години, пак, ќе игра во Б лигата, група 5, каде што противници ќе ѝ бидат Словенија, Грузија и Азербејџан. Овој турнир ќе се игра во Македонија од 25 ноември до 1 декември.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!