Ракомет

Милано за Спортска Мрежа: Многу сум среќен за клубот и Куп титулата, атмосферата со Пелистер е навистина неверојатна!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар по седумнаесетти пат го освои Купот на Македонија откако во СРЦ „Билјанини Извори“ славеше со 31:27 над Еурофарм Пелистер.

Тренерот на Вардар, Гиљермо Милано за Спортска Мрежа изјави дека е многу среќен за клубот за играчи и за освоената Куп титулата. Вели дека атмосферата кога играат против Пелистер секогаш е одлична, ни изјави дека сакал да остане тука засекогаш.

„Најпрво, многу сум среќен за клубот, како и за играчите. Ние го заслуживме ова, клубот го заслужи, па тоа е првата работа за нас. Ова е мое прво финале со Вардар, се надевам ќе ги имам уште, навистина уживав, беше интензивен натпревар и атмосферата што ја имаме на секој меч кога играме против Пелистер е одлична, така што, би сакал да останам тука засекогаш“, изјави Гиљермо Милано за Спортска Мрежа.

Аргентинецот ја продолжи соработката за Вардар и ќе го води најтрофејниот клуб и во следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Поврзани написи
Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!