Прва лигаФудбал

Тиквеш го гради тимот за новата сезона – продолжена соработката со Миловановиќ и Стојкоски!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

ГФК Тиквеш активно работи на оформување на ростерот за сезоната 2025/26, задржувајќи ги клучните фудбалери кои оставија значаен белег во изминатиот шампионат на Првата македонска фудбалска лига.

По продолжувањето на договорот со офанзивецот Александар Мишов, клубот од Кавадарци официјално објави дека уште двајца важни фудбалери ќе продолжат да го носат црвено-белиот дрес – Кристијан Стојкоски и Даниел Миловановиќ.

Стојкоски, кој веќе две сезони е дел од Тиквеш, потпиша нов едногодишен договор. Минатата сезона беше еден од најстандардните играчи во тимот, со 29 настапи и три постигнати погодоци. Неговата брзина, издржливост и искуство ќе бидат клучни и во претстојната сезона. Во кариерата претходно има настапувано за Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Академија Пандев сега Брера Струмица.

Одбранбениот фудбалер Миловановиќ, иако имаше активен договор уште шест месеци, постигна договор за продолжување на соработката за дополнителни шест, со што ќе остане во Кавадарци до крајот на сезоната 2025/26.

26-годишниот дефанзивец беше стабилен дел од одбраната на Тиквеш, а во својата кариера има настапувано и за италијанскиот Масесе, унгарскиот Залаегерсег, како и за Брера Струмица.


Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!