Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона 2025/2026?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Ги имаме сите екипи кои во следната сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига.

Одново 16 екипи ќе се натпреваруваат, но од сезона 2026/2027 лигата ќе биде скратена на 14 екипи, па според тоа дополнително ќе биде познато колку екипи директно ќе испадна во Трета лига, дали и колку екипи би играле бараж за опстанок.

Интересно е тоа што оваа сезона сите шампион во Трета лига влегоа во Втора лига, а ова доаѓа поради откажувањето на Воска Спорт и Гостивар од Првата лига и откажувањето на Беса, која после поразот од Башкими вчера во Кавадарци соопшти дека нема да продолжи со натпреварување, туку дека ќе се фокусира само на академијата.

Во сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат Охрид, Детонит Плачковица, Беласица, Брегалница, Каменица Саса, Скопје, Кожуф, Новаци, Победа, Вардар Неготино, Осогово, Слога Виница, Тетекс, Шкендија Арачиново, Големо Коњари и Преспа.

/ Екипа
1 Охрид
2 Детонит Плачковица
3 Беласица
4 Брегалница
5 Каменица Саса
6 Скопје
7 Кожуф
8 Новаци
9 Победа
10 Вардар Неготино
11 Осогово
12 Слога Виница
13 Тетекс
14 Шкендија Арачиново
15 Големо Коњари
16 Преспа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Ракометарите на Преспа гостуваа кај европскиот великан Вардар, следи поддршка за денешното дерби во Битола

Ракометарите на Преспа од Ресен денеска имаа посебна привилегија да бидат угостени од составот на двократниот европски првак Вардар. Ресенските ракометари го искористија...

ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома. Разговорот беше...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни...

ФудбалФутсал

Владимир Трендафиловиќ е херој – Бутел го доби Балкан во меч со 13 гола!

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!