Прва лигаФудбал

Брера Струмица и следната сезона ќе биде прволигаш, Беса во бараж

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Екипата на Брера Струмица со победа над Работнички од 3-2 обезбеди директен опстанок и за следната сезона на ПМФЛ. Стрелци на головите за Брера беа Ндзенге, Велков и Мартин Ѓорѓиевски, додека за Работнички погодија Лазаревиќ и Николовски.

И покрај победата над Пелистер во Битола од 1-4, тимот на Беса од Добри Дол ќе мора да игра бараж за опстанок. Головите за гостите ги постигнаа Алими, Селмани, Љамалари и Али, а за Пелистер стрелец беше Тарасенко.

Во исто време, Воска Спорт и Гостивар се административно исфрлени од Првата лига и нема да бидат дел од следната сезона.

Шкендија со титула, Силекс и Работнички обезбедија Европа

Иако Шкендија загуби од Силекс со 1-3 на домашен терен, тимот од Тетово ја прослави својата петта шампионска титула. За Силекс стрелци беа Марко Ѓорѓиевски со два гола и Тимовски, додека Адеми го постигна единствениот гол за домаќините.


Со оваа победа, Силекс го освои второто место и ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА заедно со Работнички.

Тиквеш и Струга ремизираа во возбудлив натпревар

Највозбудлив меч од последното коло го одиграа Тиквеш и Струга Трим Лум, откако ремизираа играјќи 3-3. За Тиквеш погодија Стојанов, Миловановиќ и Михајлевиќ, додека за Струга стрелци беа Компаоре и Малески кој даде два гола.

Струга сезоната ја заврши на четвртата позиција, а Тиквеш обезбеди опстанок како осмопласиран.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!