Трета лигаФудбал

Слога Виница во недела го подигне шампионскиот пехар и ќе се насочи кон баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Слога Виница - Ударник
Сподели

Во недела, екипата на Слога Виница ќе го подигне шампионскиот пехар во Третата македонска фудбалска лига – Исток, со што тимот на Емил Грнев ќе се насочи кон баражот за можен пласман во Втората македонска фудбалска лига.

На истиот ден, Слога Виница ќе го одигра и последниот домашен натпревар за оваа сезона против екипата на Карбинци. Тимот на Грнев има скор од 15 победи и само еден пораз – токму од Карбинци, што го прави дуелот уште поинтересен.

Слога Виница доминираше во тековната сезона со најефикасен напад (87 постигнати голови) и најдобра одбрана (само шест примени голови). Тимот од Виница изгради квалитетна екипа која е неколку нивоа над останатите третолигаши од Истокот, но сега следи најважното – баражот за Втора лига.

Веќе речиси се познати сите учесници во баражот: Слога Виница (Исток), Шкендија Арачиново (Север), Тетекс (Запад), Преспа (Југозапад – официјализација се очекува во следното коло), како и Големо Коњари (Југ – се очекува да биде потврден за две кола). Од Втора лига, најверојатно Осогово ќе игра бараж за опстанок.

Отворено останува прашањето – дали откажувањето на Воска Спорт од Првата лига ќе отвори дополнително место за третолигаш? Ќе се спаси ли некој второлигаш? Подготвуваме специјална емисија на оваа тема – гледајте нè во следните денови на Спортска Мрежа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!