Трета лигаФудбал

Сатеска му даде шест гола на Караорман – Секулоски и Богданоски се „распукаа“, високи победи за Влазними и Кравари

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Три убедливи победи донесе 17. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад. Сатеска од Волино со 3:6 триумфираше над ланскиот второлигаш Караорман во Струга.

Гостинот од Волино до овој голем триумф стигна преку Никола Секулоски и Лука Богданоски кои буквално се „распукаа“ и постигнаа по три-гола во Струга.

За домашниот тим двоен стрелец беше Ненад Балоски, а еден гол постигна Симеон Миноски.

Влазними со 3:0 триумфираше на домашен терен над Кораб од Дебар. На полувреме резултатот беше 1:0 со голот на Џелеши, а во вториот дел погодија и Амети и Шадов.

На домашен триумф се радуваше екипата на Кравари која со 4:0 славеше над Света Троица од Охрид. Селјанковски во 43. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Беделоски, Емини и Иванов беа стрелци на погодоци за конечни 4:0.

Велешта го слави Елмаз Шеи кој беше двоен стрелец во победата од 3:2 над Демир Хисар. За домашниот тим гол даде и Беким Бекси. За гостинот во првиот дел погоди Андреј Јанкуловски, а во вториот дел стрелец беше и Андреј Стевановски.


На теренот во Кукуречани победник немаше откако Евротип и Преспа ремизираа играјќи 2:2. Лидерот од Ресен во вториот дел извлече бод и се спаси од пораз откако имаше два гола негатива. Петар Цфетко и Владе Јанакиевски погодија за 2:0, а во 36. минута Оливер Колоски погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дело Колоски со втор гол ги постави конечните 2:2.

Екипата на Славеј од Мешеишта беше слободна во рамки на 17. коло на ТМФЛ – Југозапад.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!