Трета лигаФудбал

Тетекс преку Ерјон Елмази го декласираше Вардар Брвеница, Џепчишти пресилен за Доброшти

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Со два натпревари беше отворено 21. коло на Трета лига – Запад, а кое ќе се комплетира утре со останатите натпревари.

Лидерот Тетекс со убедливи 7:2 го декласираше Вардар од Брвеница, во меч каде Ерјон Елмази постигна четири голови за „штофарите“ од Тетово, а пак двапати погоди Даут Даути, додека во 63. минута гол даде и Мертион Салији.

За гостинот од Брвеница во првиот дел гол даде Бојан Михајловски, а во вториот дел сигурен беше Тони Брњарчевски од белата точка.

Џепчишти на домашен терен со 6:3 го доби убедливо мечот со Доброшти, а победата беше најавена уште во првите 45 минути кога резултатот беше 4:1.

Двојни стрелци за домашниот тим беа Флоријан Санини и Ебубекир Азиз, а пак по еден гол постигнаа Арлинд Алији и Беким Садики. За гостинскиот тим двапати погодоци Харис Сулимани, првиот пат од пенал во првото полувреме, а вториот пат стрелаше во второто полувреме. Еден гол постигна и Саранд Исмани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!