Останато

Струмица со убедлива победа над Штип УГД ја започна одбраната на шампионската титула!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | АРХИВА
Сподели

Одбојкарите на Струмица со триумф на гостински терен го отворија финалето на плејофот во македонското првенство, совладувајќи го Штип УГД со 1:3 (23:25, 25:22, 19:25, 21:25).

Иако Штипјани важеа за фаворити поради серијата победи над Струмица во последните меѓусебни пресметки, вклучувајќи го и финалето од Купот на ОФМ, тимот на Владо Милев на теренот на „Јордан Мијалков“ покажа зошто ја носи етикетата шампион.

Од самиот почеток домаќините играа под притисок, што резултираше со бројни грешки, особено на сервис. На спротивната страна, Струмица демонстрираше зрелост, концентрација и искуство, водена од капитенот Милев.

Натпреварот понуди динамика, пресврти и одлични поени, но и моменти на пад во играта кај двете страни. Клучен беше пресвртот во четвртиот сет, кога струмичани надополнија негатива од 7:3 и 13:9, поведоа со 15:18 и го приведоа мечот до успешен крај.

Кинтеро беше најрасположен кај победничкиот состав со 16 поени, Нилсен додаде 15, а Милев 13. За Штип УГД најмногу се истакна Задмард со 15 поени, Арсов реализираше 10, а Багаев 8 поени.

Струмица поведе со 1:0 во финалната серија која се игра до три победи. Вториот натпревар е закажан за понеделник во 19:00 часот во салата „Парк“ во Струмица.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек во...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот на новата сезона, истакнувајќи дека битолскиот клуб има големо реноме во...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!