Ракомет

Лазаревски за Спортска Мрежа: Атмосферата во Битола беше на највисоко ниво, за титулата ќе се решава во СЦ „Јане Сандански“

Сподели
ФОТО: Милан Лазаревски | Инстаграм
Сподели

Вардар забележа победа од 34:35 во Битола над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и со тоа изби на првото место на табелата- пред битолчани кои сега се втори.

Мечот беше решен во последните секунди кога со голот кој го постигна Дмитро Хориха, се случи вистинска ерупција меѓу вардаровите навивачи за голема победа во Битола.

Во изјава за Спортска Мрежа, играчот на Вардар, Милан Лазаревски, вели дека атмосферата во Битола била на највисоко ниво, а притоа го искоментира и голот за победа.

„Како и секогаш, кога во Битола гостува Вардар, атмосферата е на највисоко ниво, навистина, вистинско уживање е да се игра на ваков натпревар. Што се однесува на последниот гол- мислам дека можеби и редно време беше да нѐ посака и нас среќата. Кажав и во некој друг наврат.. бидејќи лани на несреќен начин ја изгубивме титулата, па на вакви дербиња не беше на одмет и нас да ни биде наклонета фортуната, и мислам дека тоа и го заслуживме“, изјави Лазаревски за Спортска Мрежа.

Репрезентативецот на Македонија, за Спортска Мрежа дополнува дека сепак за титулата ќе се решава во СЦ „Јане Сандански“.

„Ова ни беше екстремно важно, значи да направиме ,, брејк ” во битката против Пелистер. Оваа победа не менува премногу во однос на тоа каков ни беше планот- да одиме на победа до крајот на првенството, не ни остава исто премногу простор за калкулација. Секако треба да победиме на сите натпревари до крајот, земајќи предвид дека нема да направиме некој кикс ниту ние, ниту Пелистер, така што, како и по првичните проекции, титулата ќе се одлучува во „Јане Сандански“ на 6-ти или 7-ми Јуни“, дополнува Лазаревски во изјавата за Спортска Мрежа.

Вардар сега е прв со 12 бодови, а во следното коло ќе игра ново дерби против Алкалоид во Автокоманда, додека пак Еурофарм Пелистер кој е втор со 11 бодови, односно бод помалку, ќе игра против Тиквеш на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!