Останато

Ричлиев: Одиме кон тоа да испишеме историја и за првпат да ја освоиме шампионската титула!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одигра првиот финален натпревар меѓу Штип УГД и Струмица во битката за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија.

Струмица ја брани титулата, а пак Штип УГД ќе атакува на нејзино прво освојување и со тоа да се испише историја – штипјани за првпат да ја освојат шампионската титула и за првпат во клупската историја да ја освојат двојната круна, откако пред нешто повеќе од две недели ја одбрани Куп титулата.

„Максимално сме мотивирани, екипирани и подготвени за финалните натпревари. Покажавме дека имаме квалитет. Знаеме дека нема да биде воошто лесно, но нашата цел е единствена – први да стигнеме до трите победи во финалната серија. Со тоа за прв пат да ја освоиме првенствената титула и да испишеме нова историја за клубот и градот“, вели одбојкарот на Штип УГД, Костадин Ричлиев.

Натпреварот кој се игра утре ќе започне во 19 часот и се очекува да биде исполнета салата до последното седиште.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!