ТурнириФудбал

„Некст Левел“ прави фудбалски спектакл во Охрид – доаѓаат големи фудбалски имиња од Балканот!

Сподели
Сподели

Од 13 до 16 јуни, Охрид ќе биде центарот на младинскиот фудбал во регионот! На спортскиот комплекс СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој годинава ветува спектакл каков што досега не сме виделе.

Овогодинешното издание на турнирот, што веќе го носи епитетот едно од најдобрите фудбалски натпреварувања за млади во Македонија, ќе биде најмасовно и најатрактивно досега. Потврда за тоа се над 40 пријавени екипи, меѓу кои и врвни тимови од Србија, Турција и Романија: Раднички Ниш, Синѓелиќ од Ниш, Нуртепе од Истанбул, АФ Гирода и други.

Турнирот е наменет за генерации родени од 2012 до 2017 година. Натпреварите ќе се играат во следниве формати:

Генерација 2012 (У-13) и 2013 (У-12) – формат 8+1

Генерација 2014 (У-11) и 2015 (У-10) – формат 7+1

Генерација 2016 (У-9) и 2017 (У-8) – формат 6+1


Пријавувањето е сè уште отворено, а интересот расте од ден во ден. „Некст Левел“ се наметнува како водечки младински фудбалски турнир во земјава, а организацијата годинава е подигната на повисоко ниво – со бројни новитети и активности кои ќе бидат објавени наскоро.

Спортска Мрежа, како медиумски покровител од самиот почеток, ќе го следи турнирот со ексклузивни прилози, репортажи и интервјуа.

Останете со нас – следуваат многу возбудувања од „Некст Левел“!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!