Останато

Одбојкарките на Работнички Скопје ќе ја бранат титулата во финалето на Првата женска лига против Јанта Волеј КВ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Одбојкарките на Работнички Скопје ќе ја бранат шампионската титула во Првата женска лига. Пласманот во финалето девојките на Душко Деспотовски го потврдија откако во „мајсторката“ од полуфиналето на плеј-офот со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) го совладаа тимот на Наковски Волеј. Со вкупен резултат 2:1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна.

За разлика од претходните два натпревари од серијата кога победникот беше познат дури по пет сета, во третото соочување во „Борис Трајковски“, Работнички Скопје презентираше шампионски менталитет. Влезе сигурно и решително во дуелот, во кој немаше поправен. Наковски Волеј, иако се обидуваше да возврати и да остане во мечот, но не најде соодветен одговор за мотивираниот ривал.

Работнички Скопје во финалето ќе се соочи со Јанта Волеј КВ, кој со 2:0 во победи го елиминираше Фит Фан Волеј.

Финалната серија кај дамите стартува на 26 април (сабота) и се игра во три добиени натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!