Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Осогово, фаворитите до победи, триумф за Победа и Новаци

Сподели
Сподели

Во празнична атмосфера денес се одиграа натпреварите од 25. коло во Втората македонска фудбалска лига. Брегалница од Штип забележа важна минимална победа на гостувањето кај Борец во Велес, со погодокот на капитенот Давид Калпачки. Со оваа победа, штипјани остануваат во трката за највисок пласман.

Победа со идентични 1:0 славеше против Саса, која продолжува со слабите резултати. Стрелец на победничкиот гол за прилепчани беше Филип Димоски.

Беласица го доби дербито од средината на табелата против Скопје со 1:0, благодарение на погодокот на Александар Коцев, додека Новаци беа подобри од Вардар Неготино со 2:0. Бобан Здравевски и Стефан Стефановски беа стрелци на головите во второто полувреме.

Башкими рутински ја совлада последнопласираната екипа на Вардарски со 2:0, со голови на Христијан Митревски и Хусеин Демири, кој уште еднаш потврди дека е прв стрелец на тимот.

Лидерот Македонија ЃП дојде до нова минимална победа, совладувајќи ја Детонит Плачковица со 1:0. Стрелец беше Ристе Лембовски. Арсими, со искуството на Шпенд Асани, исто така славеше со 1:0 против Кожуф.

На „Билјанини Извори“ во интересен меч, Охрид и Осогово ремизираа 2:2. Домашните водеа со 2:0 преку Ангел Крстевски и Оливер Дишлиевски, но гостите од Кочани се вратија со два гола на Владимир Жоглев, кој донесе голем бод за Осогово.

Македонија ЃП и Башкими водат мртва трка со по 56 бодови. Арсими е трет со 54, а Брегалница со 51 е четврта и останува во трката за пласман во ПМФЛ.

Наредните кола ќе бидат пресудни, особено во борбата за директна промоција и бараж-зоната, каде секој бод може да направи голема разлика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!