Денес со натпреварот во Ресен меѓу лидерот Преспа и ланскиот второлигаш Караорман ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Југозапад, а кое ќе се комплетира утре со останатите натпревари.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите, а кои ќе започнат во 16 часот. Во рамки на ова коло слободна е екипата на Велешта.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 16. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
Кораб – Сатеска, Енис Зекмановски (Ресен)
Преспа – Караорман, Илија Груевски (Битола)
Демир Хисар – Евротип, Ѓорѓи Лаброски (Струга)
Света Троица – Славеј Мешеишта, Александар Мартиновски (Охрид)
Влазними – Кравари, Горан Балески (Охрид)