ФудбалФудбалска репрезентација

Пријава за УЕФА ПРО курс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија објавува конкурс за пријавување на кандидати за УЕФА ПРО курсот.

„Пред пополнување на пријавата, Ве замолуваме внимателно да ги прочитате критериумите за учество на УЕФА ПРО курсот, кои се детално објаснети во документот (линкот) подолу, со цел сите заинтересирани кандидати да утврдат дали ги исполнуваат основните услови за учество“, велат од ФФМ.

Доколку не се пополни предвидената квота, конкурсот ќе остане отворен 7 дена. Секој заинтересиран кандидат мора да го пополни онлајн прашалникот, кој ќе биде достапен најдоцна до вторник, 15 април 2025 година. Натамошната комуникација поврзана со курсот ќе се одвива исклучиво преку е-пошта и само со кандидатите кои уредно го имаат пополнето прашалникот.

Неправилно или ненавремено пополнет прашалник ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА ПРО курс.

До пријавата може да се пристапи преку следниот линк:

ПРИЈАВА ЗА УЕФА ПРО КУРС

Кандидатите кои ќе го пополнат онлајн прашалникот и кои ќе ги исполнат минималните и дополнителните критериуми, ќе бидат повикани на интервју пред комисијата на Едукативниот центар. Дополнително, конечната ранг листа ќе се формира според бодување во четири главни области на тренерската активност, и тоа:

Општо образование

Играчка кариера

Тренерско искуство со УЕФА А лиценца

Успешност во работата

За евентуални нејаснотии или дополнителни прашања пред аплицирање, можете да се обратите на следниот е-маил:

slavisha.karovchevski@ffm.com.mk

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!