Останато

Судиската организација на Одбојкарската федерација на Македонија во хумана мисија – таксите од Купот ќе се донираат за Кочани

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Судиската организација на Одбојкарската федерација на Македонија, водена од чувството на солидарност донесе одлука сите средства од судиските и делегатските такси од Финалниот турнир на Купот на ОФМ, кој од 3 до 5 април ќе се одржи во салата „25. Мај“ во Радовиш, да бидат донирани за поддршка на семејствата погодени од разорниот пожар во Кочани.

Претседателството на Судиската организација ваквата одлука ја донесе на својата редовна седница, а исклучок од оваа донација ќе бидат средствата наменети за линиските судии, записничарите и покривање на патните трошоци.

„Со оваа одлука, како судиска организација, сакаме да изразиме длабока емпатија и искрена поддршка кон сите кои беа погодени од оваа несреќа. Секој гест на солидарност, секоја донација, е само мал обид да се ублажи болката на оние кои претрпеа ненадоместливи загуби. Веруваме дека во моменти на тага и неизмерна болка, човечката блискост, хуманоста и сочувството се најголемите дарови што можеме да ги споделиме, а особено во моменти кога е најпотребно. Нека оваа донација биде симбол на нашата поддршка, нашето разбирање и нашата искрена желба да помогнеме. Во името на нашата судиска организација, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за трагичните загуби. Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување на сите повредени, кои во овие тешки мигови се борат за своето здравје, како во нашата земја, така и во странство“, стои во соопштението од Судиската организација на ОФМ.

 

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!