ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ремизираше со Шкотска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 17 години во еден возбудлив и отворен натпревар одигра нерешено 2:2 против соодветната селекција на Шкотска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во А лигата квалификации за Е.П.

Натпреварот започна со минута молк поради големата трагедија која се случи во Кочани.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски одиграа добар натпревар против домаќинот на турнирот, особено во првото полувреме, во кое сосема заслужено имавме предност со 1:0. Стрелец на водечкиот гол за Македонија на денешната средба беше Кристијан Марковски во 40. минута.

Во продолжението, противникот наметна иницијатива и успеа да направи комплетен пресврт.  Бојд на самиот старт на второто полувреме, во 52. минута стрелаше за израмнување на резултатот. Во 80. минута, Хогарт успеа да погоди за комплетен пресврт и водство на Шкотска од 2:1. Нашите млади фудбалери успеаа брзо да се вратат во игра и да го израмнат резултатот. Лорент Жаку во 83. минута направи одличен пресинг кон противничката одбрана и успеа да ја искористи грешката на голманот на Шкотска, постигнувајќи погодок за 2:2.

Во вториот натпревар од нашата група, селекцијата на Романија го порази Лихтенштајн со неверојатни 10:0.

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, во второто коло од квалификацискиот турнир од Б лигата игра против Лихтенштајн.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!