Втора лигаПрва лигаФудбал

Детонит Плачковица во Кратово го совлада прволигашот Силекс – Здравков е задоволен од подготовките на радовишaни!

Сподели
Сподели

Денес на стадионот во Кратово се одигра „генералката“ меѓу прволигашот Силекс и второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, каде успешна „генералка“ имаше радовишкиот тим, кој беше подобар со 1:2, во меч каде трите погодоци беа постигнати во првиот дел од мечот.

Тимот на Горан Здравков прв дојде до водство преку Лука Трајковски, а потоа Дамјан Масевски ја дуплираше предноста на 0:2. Пред крајот на мечот Ади Алиќ постигна гол и намали на 1:2 на полувреме.

Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни, па резултат од првите 45 минута стана конечен за триумф на Детонит Плачковица против Силекс, кој е воден од Александар Васоски.

Во изјава за Спортска Мрежа, шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, Горан Здравков, изјави дека е задоволен од денешниот натпревар на неговите играчи, додава дека имале добри подготовки, но како што ни изјави сега останува тоа да се материјализира и во првенството.

„Денес одигравме добар натпревар во Кратово против прволигашот Силекс. Задоволен сум од залагањето на фудбалерите на теренот на денешниот меч. Позитивна атмосферата кај сите фудбалери. Имаме добро изработени подготовки, сега ни преостанува тоа да го материјализираме и во првенството“, ни изјави тренерот Горан Здравков.

Во пролетниот дел од Првата лига екипата на Силекс која е лидер ќе атакува на освојување на титулата, со што после долги години истата да биде вратена во Кратово, а пролетниот дел Силекс го отвара дома против Тиквеш.

Од друга страна, Детонит Плачковица склопи одличен тим и сега во пролетниот дел радовишани одново ќе атакуваа на местата за Прва лига, со реална опција за нов бараж за Прва лига.

Пролетната полусезона во Првата и Втората лига започнува следниот викенд.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!